19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е највредната автомобилска компанија во светот

Ова е највредната автомобилска компанија во светот

Во моментов, највредната компанија за производство на автомобили, според цените на акциите е Toyota, која има пазарна капитализација од 200 милијарди долари. Вредноста на акциите на американската компанија Tesla е во пораст во последно време, така што оваа компанија сега вреди скоро како американските ривали General Motors и Ford заедно.

Акциите на Tesla достигнаа рекорд од скоро 476 долари по акција во средата. По таа цена, вкупната пазарна вредност на компанијата е скоро 86 милијарди долари. Пазарната капитализација на GM е околу 50 милијарди, а на Ford е околу 37 милијарди.

Tesla вреди 15 милијарди повеќе од Fiat Chrysler и Ferrari заедно. Вредноста на Tesla е исто така за 15 милијарди долари поголема од комбинираната вредност на јапонските компании Honda и Nissan.

Американскиот производител на електрични автомобили сè уште заостанува зад Volkswagen, кој моментално на пазарот на капитал вреди 96 милијарди долари.

Во моментов, највредната компанија за производство на автомобили, според цените на акциите, е Toyota, која има пазарна капитализација од 200 милијарди долари.

Акциите на Tesla растат поради позитивните предвидувања за оваа компанија. Компанијата соопшти дека испорачала рекордни 112.000 возила во четвртиот квартал од 2019 година, што е за 6.000 повеќе отколку што очекувале аналитичарите.

Компанијата овие денови, исто така, започна со испорака на својот Model 3 произведен во Шангај, што е прв чекор за освојување на големиот кинески пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП