
Компанијата Boeing објави стотици внатрешни пораки кои го доведоа во прашање развојот на симулаторот на моделот на авиони 737 Max.


Компанијата Boeing објави стотици внатрешни пораки кои го доведоа во прашање развојот на симулаторот на моделот на авиони 737 Max.
Овој модел на авион е призејмен по две фатални несреќи.
Според Reuters, Boeing ја проверил работата на симулаторот, откако биле испратени пораките. Како што е наведено, тие добро функционираат.
Во внатрешната комуникација, во април 2017 година, двајца вработени во пораките се пожалиле на моделот 737 Max.
„Овој авион е дизајниран од кловнови набљудувани од мајмуни“, напишал во пораката еден од вработените во компанијата.
„Објавената комуникација не е огледало за тоа каква е компанијата Boeing и каква треба да биде и е целосно неприфатлива“, соопштија од Boeing.
Претседателот на Комитетот за транспорт во Конгресот, Питер де Фазио, кој е вклучен во истрагата за овој модел, наведува дека пораките покажуваат колку далеку е подготвен да оди Boeing, дури и во моментите кога работниците укажуваат на проблеми.
Посочува дека компанијата од почетокот на воведувањето на овој модел вложи напори да ги скрие критиките од јавноста.