25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOnePlus Concept One претставен со камера која исчезнува

OnePlus Concept One претставен со камера која исчезнува

OnePlus официјално го претстави својот Concept One. Проектот е претходно навестен, а се сугерираше дека станува збор за производ кој споделува заеднички бренд со McLaren и има камера која исчезнува. Главната карактеристика на концептот е токму камерата која станува невидлива зад стаклото.

Самиот хардвер на телефонот е сличен на OnePlus 7T Pro моделот, а ова вклучува и распоред на копчиња, камера и поп-ап селфи сензори. Concept One ја користи препознатливата Papaya Orange боја на компанијата McLaren.

Камерата, која исчезнува зад стаклото кое служи како заштита, е главната карактеристика на концептот. Механизмот е создаден благодарение на електрохромното стакло, кое може да стане непроѕирно кога на него се применува електрична енергија. Сензорите на камерата од задната страна се скриени додека камерата не се активира- префрлањето помеѓу непроѕирна и транспарентна состојба трае само 0,7 секунди.

Електрохромното стакло функционира и како ND филтер за камери. За време на фотографирањето, овие филтри го блокираат светлото кое би било прејако и би оневозможило на камерата да снима, така што филтерот ги издвојува сенките и сјајот за да сними повеќе детали.

Не се очекува “невидливата камера“ на компанијата OnePlus наскоро да биде достапна во премиум телефоните, но секако се работи за интересно решение за камерите на телефоните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП