28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТурскиот тек на „Гаспром“ ќе му носи годишна заработка од 500 милиони...

Турскиот тек на „Гаспром“ ќе му носи годишна заработка од 500 милиони долари

Гасоводот Турски тек, кој официјално се отвора денеска, ќе му донесе на „Гаспром“ приходи од околу 500 милиони долари годишно, изјави за РИА Новости заменик-шефот на рускиот Национален фонд за енергетска безбедност, Алексеј Гривач.

„Ако се потпреме на бројките за предвидениот капацитет за новиот цевковод кои ги претстави заменик-претседателот на управниот одбор на ‘Гаспром’, Фамил Садигов, Турскиот тек ќе претставува една третина од вкупната добивка на ‘Гаспром’“, рече Гривач, а пренесе „Хина“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, рускиот претседател Владимир Путин и бугарскиот премиер Бојко Борисов присуствуваат денеска во Турција, на покана на нивниот домаќин, претседателот Реџеп Таип Ердоган, на церемонија по повод пуштањето во употреба на дел од гасоводот Турски тек.

Турски тек се состои од два паралелни крака, секој со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Едниот крак е наменет за снабдување на Турција со руски гас, а другиот, преку турската граница од Бугарија преку Србија и Унгарија, ќе ги снабдува со гас земјите од јужна и југоисточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП