27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку чинат првите Tesla автомобили направени во Кина?

Колку чинат првите Tesla автомобили направени во Кина?

Компанијата Tesla ги испорача првите 15 електрични автомобили Model 3, произведени во фабриката во Шангај за помалку од една година откако тој погон вреден две милијарди долари започна да работи, што е рекорд меѓу глобалните производители на автомобили во Кина.

Од Tesla најавија дека ќе ги зголемат испораките од следниот месец.

Американскиот производител на електрични автомобили почетокот на испораката ја одбележа со церемонија на која 15 вработени од Tesla ги презедоа купените автомобили, а едниот од нив ја искористи можноста да ја запроси својата девојка откако стана нов сопственик на автомобил, пренесува Reuters.

Model 3 на Tesla произведен во Кина чини 355.800 јуани (50.000 долари) пред субвенциите, додека почетната цена на увезените автомобили Model 3 изнесувала 439.000 јуани за верзијата со подолг дострел.

Фабриката во Шангај, подигната и лансирана за само 357 дена, е дел од плановите на Tesla за зајакнување на присуството на најголемиот светски пазар на автомобили и намалување на ефектите од трговската војна помеѓу САД и Кина.

Овој производител на автомобили, кој претходно ги увезуваше сите возила кој ги продава во Кина, најави дека има намера да започне со испорака од фабриката во Шангај пред почетокот на Лунарната нова година, која започнува на 25 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП