29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска поевтини горивата

Од денеска поевтини горивата

За половина денар поевтинија бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ.

Новата цена на Еуросупер БС – 98 изнесува 68 денари за литар, 70 денари чини литар Еуросупер БС-98, 62,5 денари Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на мазутот M-1 HC се зголеми за 0,305 денари и килограм од тој енергенс сега се продава за 38,548 денари.

Намалувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 0,48 проценти. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП