20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНАСА откри нова планета слична на Земјата која може да се насели

НАСА откри нова планета слична на Земјата која може да се насели

„Ловецот на планети“ на НАСА, сателитот ТЕСС, ја откри првата планета што може да се насели, која е голема колку Земјата.

Ѕвездата ТОИ 700 по површина зафаќа 40 проценти од површината на Сонцето на Земјата, а нејзината температура е за половина пониска од таа на Сонцето. Оддалечена е околу сто светлосни години од Земјата.

Американската вселенска агенција објави дека ТЕСС пронашол свет со големина на Земјата во кој може да се живее, а предуслов за живеење е присуство на проточна вода, пренесува АФП.

Средношколец помогнал во пронајдокот

АФП пренесува дека ТЕСС првично погрешно ја класифицирал ѕвездата, што значи дека планетите изгледаат поголеми и потопли отколку што навистина се. Но, неколку астрономи аматери, вклучувајќи го и средношколецот од Конектикат, Алтон Спенсер, кој работи со членовите на тимот на ТЕСС, посочија на грешката.

„Бидејки ги коригиравме параметрите за ѕвездата, големините на нејзините планети се намалија, така сфативме дека најодалечената е со големина на Земјата и е во сферата на можен живот“, рекла Емили Гилберт од Универзитетот во Чикаго.

Откритието подоцна беше потврдено од вселенскиот телескоп “Спајсер”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП