28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за декември 2019

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за декември 2019

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.12.-31.12019 година вкупниот промет изнесувал 765.485.112 денари и е зголемен во однос на ноември за 15,14 отсто. 

Класичното тргување изнесувало 476.014.452 денари и е зголемено во однос на ноември за 31,74 отсто кога изнесувало 361.318.759 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 466.884.275 денари и обврзници во вредност од 9.130.177 денари.

Блок трансакциите за декември изнесувале 272.373.661 денари и се намалени за 10,21 отсто во однос на ноември.

Бројот на трансакции во декември изнесувале 1.768 и се зголемени за 22,27 отсто во однос на ноември кога изнесувале 1.446.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за декември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за декември 2019 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП