27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска воведува работна недела од 4 дена, по 6 часа

Финска воведува работна недела од 4 дена, по 6 часа

Најмладата премиерка во светот, финската претседателка на владата, триесет и четиригодишната Сана Марин ја обелодени идејата Финците да работат четири дена во неделата по шест часа.

Марин истакна дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своето семејство и саканите, а дека со флексибилно работно време ќе успеат во тоа.

„Покрај тоа, можат да се посветат повеќе на своето хоби и другите аспекти од својот живот како културата“, изјави Марин.

Младата премиерка е мајка на едно дете и моментално ја води левичарска коалиција составена од пет партии, а предводени од жени. Три од нив се помлади од 35 години.

Новата финска премиерка е поранешна министерка за транспорт и врски, а додека беше на таа функција, исто така се залагаше за пократки работни недели за да се подобри односот на работникот, но и да се зголеми продуктивноста.

Марин во август оваа година го привлече вниманието во својата партија дека би требало да се размисли за пократка работна недела.

„Четиридневна работна недела, работен ден од шест часа. Зошто тоа не може да биде следниот чекор? Дали работното време од осум часа е ултимативната вистина? Мислам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своето семејство, со оние кои ги сакаат, да имаат време за хоби и други аспекти на животот, како што е културата. Тоа би можело да биде следниот чекор за нас и нашите работни животи“, изјави таа.

Меѓутоа, нејзиниот предлог опозицијата го дочека “на нож”, повикувајќи се на тоа што истражувачкиот институт на финската економија (ETLA) идентификуваше продолжување на работното време како најефикасна мерка за подобрување на конкурентноста во последните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП