2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлокирани над 109.000 сметки на граѓани и фирми - речиси 500% повеќе...

Блокирани над 109.000 сметки на граѓани и фирми – речиси 500% повеќе од пред 10 години

Заклучно со септември 219 година блокирани се 109.319 сметки на граѓани и фирми- покажува статистиката на Народната банка. Од нив најголем дел 81.384 се сметки на граѓани, а 27.935 на фирми. Податоците покажуваат дека бројот на блокирани сметки е двојно поголем поради блокадите на сметките кои едно физичко или правно лице ги има во повеќе банки. Така вкупниот бројот на блокирани трансакциски сметки во септември во земјава бил 235.292, од кои 194.150 се на граѓани, а 41.142 на фирми.

Податоците на Народната банка покажуваат дека бројот на блокирани сметки по месеци годинава е константно ист како и претходната година. Но, она што е неверојатно е дека лани во однос на пред десет години, вкупниот број на блокирани сметки на депоненти е поголем за 432%, а тој на блокирани сметки на граѓани за неверојатни 1.584%.

Или во бројки, ако вкупниот број на блокирани депоненти во септември 2019 година бил 109.319, во септември 2009 година тој изнесувал само 20.519. Ако септември лани биле блокирани сметки на 81.384 граѓани, во септември 2009 година бројот на блокирани депоненти физички лица бил само 4.831, а во септември 2008 година пак уште помалку или биле блокирани сметки на 1.045 физички лица.

Анализата на податоците на Народната банка покажува дека во однос на пред десетина години е зголемен и бројот на блокирани сметки на фирми  и тоа за речиси двојно. Така во септември 2019 година имало 27.935 блокирани фирми, а во септември 2009 година биле блокирани 15.688 депоненти правни лица. Бројките покажуваат дека бројот на блокади на граѓани драстично почнува да расте од август 2010 година. Така од 11.000 блокирани сметки тогаш, бројот на блокирани граѓани се зголемува за по десетици илјади годишно, за лани да достигне 81.384.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП