4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung минатата година продаде 6,7 милиони 5G телефони

Samsung минатата година продаде 6,7 милиони 5G телефони

Samsung ги потврди плановите дека во наредните месеци ќе го лансира таблетот Galaxy Tab S6 со 5G поддршка. Овој таблет до крајот на првиот квартал на 2020 година ќе биде достапен во Кореја и најверојатно ќе биде првиот 5G таблет во светот.

Во истата прилика објавија и информација дека во текот на 2019 година продале 6,7 милиони 5G телефони. Тоа учество од 53,9 проценти од глобалниот 5G пазар заклучно со ноември 2019 година. Во моментов, во понудата се пет модели Samsung 5G телефони – Galaxy S10 5G, Note 10 5G, Note 10+ 5G, Galaxy A90 5G и Galaxy Fold 5G.

Инаку, во 2019 година, 5G моделите учествуваа само со еден процент од вкупната побарувачка за телефони. Меѓутоа, истражувањето спроведено од Counterpoint Research посочува дека 2020 година би можела да биде клучна за 5G технологијата, а Samsung зазеде одлична потенцијална позиција да ги искористи своите досегашни истражувања и инвестиции во оваа област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП