26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде во Германија можете веднаш да најдете работа?

Каде во Германија можете веднаш да најдете работа?

Законот за имиграција за квалификувани работници стапува на сила на 1 март 2020 година. Овој закон важи и за работниците и за сите земји надвор од Европската унија.

Новиот закон претставува правна основа за миграција на квалификувани работници во Германија. Замислено е на академските и професионалните квалификувани експерти од земји кои не се членки на ЕУ да им се олесни пристигнувањето во Германија. На овој начин, федералната влада сака да ја задоволи зголемената потреба за квалификувани работници, кои домашните и европските работници не можат да ја задоволат. Канцеларката Меркел нагласила дека новиот закон е „промена на парадигмата на начинот на кој сакаме да им се обратиме на професионалците надвор од Европската унија“.

Германската федерална влада се договори со сојузните држави, деловните здруженија и синдикатите за конкретни чекори кои треба да се преземат против недостаток на квалификувани работници во таа земја.

„Мора да понудиме привлечни услови за работа и привлечно социјално опкружување“, изјавила канцеларката Ангела Меркел. Постапките за издавање визи и признавање треба да станат побрзи, се наведува на веб-страницата на германската влада.

Од 1 март 2020 година на сила би требало да стапи Законот за имиграција за квалификувани работници.

Со оглед на големата глобална конкуренција на квалификувани професионалци, Германија треба да стане отворена, заинтересирана земја“, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Во потпишаното писмо за намери, учесниците меѓу другото, се согласија да ги забрзаат процедурите за издавање и признавање на истите. Покрај тоа, професионалците и нивните роднини кои доаѓаат во Германија би требало да добијат поголема поддршка од компаниите кога бараат сместување и спрема институциите.

Во исто време, Германија сака целосно да го искористи и својот домашен потенцијал за работа.

„Имаме различни мерки и закони кои на сите луѓе во Германија им даваат шанса навистина да работат и да заработат. Ќе го подобриме усогласувањето на семејството и работатата поради вработувањето на жени“, најави канцеларката. Ова бара тесна соработка помеѓу компаниите, синдикатите, федералната влада и федералните држави.

„Обезбедување потреби за квалификувани работници е еден од најголемите предизвици за нашата деловна заедница“, изјави федералниот министер за економија Питер Алтмаер пред состанокот. Според последните истражувања, повеќе од 50 проценти од компаниите го опишуваат недостатокот на квалификувани работници како најголем деловен ризик.

Федералниот министер за труд Хубертус Хаил истакнал дека мора да се осигура дека професионалците брзо ќе ги наоѓаат компаниите на кои им се потребни. Сакаме да избегнеме непотребна бирократија, да ги поедноставиме процедурите за проверка, подобро да ги опремиме канцелариите за визи и да го дигитализираме процесот за апликација.

Во Германија има недостиг на квалификувани работници, особено во занаетчиските, негователските и техничките области. Федералната влада на ова реагира со законот за имиграција на квалификувани работници.

Федералната влада интензивно работи на дополнителни мерки за поддршка на имиграцијата на квалификувани работници, покрај законите за имиграција на квалификувани работници. На порталот „Направете го тоа во Германија“, обезбедува сеопфатни информации за компаниите и експертите за прашања кои се однесуваат за имиграција на професионалци. Германската агенција за здравство и медицински професии ги поддржува медицинските сестри во административните процедури при вработување.

На веб-страницата на германската влада е објавена мапа на Германија, во која се објаснува каде се најпотребни квалификувани работници.

Црвената боја ги означува федералните држави каде што работниците се најпотребни. Колку е поинтензивна црвената, толку повеќе работници недостасуваат. Како што веќе рековме, најпотребни се работниците од областа на занаетчиството, техниката и здравството односно негата.

Како што можете да забележите, на јужните држави им требаат најмногу работници, и тоа буквално “гори” од потребата за квалификувана работна сила, погледнете сами:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП