24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордни приходи на компанијата Huawei и покрај американските санкции

Рекордни приходи на компанијата Huawei и покрај американските санкции

Ерик Хју, сегашниот претседател на Huawei, објави во своето новогодишно обраќање до вработените дека компанијата и покрај американските санкции кои траат од јуни 2019 година, остварила рекорден приход во износ од 122 милијарди долари. Тоа е зголемување од дури 18 проценти во однос на претходната година.

Во истото обраќање, наведе дека минатата година Huawei продал 240 милиони телефони (34 милиони повеќе отколку во 2018 година), и со тоа го зацврсти второто место на глобалниот пазар. Иако, се во прашање импресивни резултати, тие сепак се под предвиденото за 2019 година. Меѓутоа, процени дека во дадени услови работењето на компанијата е зачувано во максимална можна мерка.

Овие резултати сепак не треба да оставаат лажен впечаток дека сè е идеално. Ерик Хју очекува дека 2020 година ќе биде една од најтешките во 32-годишната долга историја на компанијата и дека ќе мора да се вложат многу напори за таа да преживее и да остане профитабилна. Тоа ќе биде и негов прв приоритет во текот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП