27 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЕвропскиот авио-гигант го "прешиша" Boeing

Европскиот авио-гигант го “прешиша” Boeing

Европскиот производител на авиони Airbus испорача рекорден број авиони во декември, надминувајќи ја целната количина за 2019 година, изјавија изворите.

Airbus го презеде и првото место во светот по производство на авиони од американскиот конкурент Boeing.

Според изворите, Airbus во текот на минатата година испорачал 863 авиони, што е за 7,8 проценти повеќе од 2018 година, кога се испорачани 800.

Од Airbus не сакаа да ги коментираат податоците, кои мора да ја поминат контролата пред да бидат објавени.

Производителите на авиони најголем дел од приходите ги добиваат по испораката на авионите, поради што тие податоци се под строга контрола на инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП