27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустрија вредна 1,7 трилиони долари: Каде најмногу трошеле туристите во 2019 година?

Индустрија вредна 1,7 трилиони долари: Каде најмногу трошеле туристите во 2019 година?

Вредноста на глобалната туристичка индустрија во 2018 година е проценета на 1,7 трилиони долари.

Приходите од туризам пораснаа побрзо од светската економија, а Азиско-пацифичкиот регион забележа најголем раст на туристичкото трошење, со раст од седум проценти во однос на претходната година. Сепак, Европа со 570 милијарди долари е регион со најмногу туристички трошоци минатата година.

Според веб-страницата Howmuch, популарните туристички дестинации се предмет на промена поради различни фактори. Медиумите многу влијаеле во обликувањето на нови атрактивни дестинации за туристите. На пример, британскиот град Бирмингем доживеа драматичен скок во бројот на туристи, поради популарноста на серијата Peaky Blinders.

Покрај тоа, политичката состојба во градовите игра голема улога во туризмот, што покажуваат и негативните ефекти кои политичките протести ги имаа врз туристичката индустрија во Хонг Конг.

Додека развиените земји на запад традиционално имаат најголема туристичка потрошувачка, земјите во развој како Индија се повеќе напредуваат во трката за туризам.

Допрва треба да се види како земјите во развој ќе го преобликуваат туристичкиот пејзаж во иднина.

Сепак, не ги дочекуваат сите туристи со отворени раце, бидејќи “overtourism”, или преголемиот број на туристи им пречат на многу градови низ целиот свет.

Каде најмногу се трошело?

Туристите најмногу потрошиле во САД, дури 214 милијарди долари, следи Шпанија со 74 милијарди долари, Франција со 67 милијарди, Тајланд со 63 милијарди и Велика Британија, каде приходите од туризам достигнаа бројка од 52 милијарди долари.

Заработи и Италија, 49 милијарди долари, Австралија 45 милијарди, Германија 43 милијарди, Јапонија 41 милијарди и Кина 40 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП