28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалите пратки до 90 евра се ослободуваат од царина

Малите пратки до 90 евра се ослободуваат од царина

Од денес, 1 јануари 2020 година, од царина ќе бидат ослободени малите пратки во вредност до 90 евра, соопштија од Агенцијата за пошти, додавајќи дека оваа одлука е заради зголемувањето на е-трговијата во Северна Македонија, како и во насока на спроведување на препораките на Европската Комисија.

Министерството за финансии информираше дека оваа промена е овозможена со измените на Уредбата, изработени врза база на анализата за царинење на мали пратки, со кои прагот на ослободување од царина за нив се подига од 45 евра на 90 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика онлајн купувањето во Северна Македонија во 2019 година е зголемено за 14% во последните 12 месеци, односно онлајн нарачките се зголемиле на 35,9% од 31,6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП