5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонесена еколошката уредба за данокот за моторни возила

Донесена еколошката уредба за данокот за моторни возила

Владата ја донесе Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот, врз основа на критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила.

Од министерството за финансии вчера информираа дека возилата ќе се даночат според еколошката категорија. Од први јануари за возила до 10.000 евра вредност износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на јаглерод диоксид.

Со оваа уредба, се очекуваат големи придобивки за целото општество преку намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, преку обнова на возниот парк со поттикнување на купување на поеколошки возила како резултат на намалување на данок на возила со голема економичност на гориво, како и набавка на хибридни и електрични возила со ниска или нулта емисија на јаглерод диоксид, се наведува во информацијата од владината прес-служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП