21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДури 228.000 домаќинства во земјава немаат автомобил, а 210.000 ниту компјутер

Дури 228.000 домаќинства во земјава немаат автомобил, а 210.000 ниту компјутер

Дури 227.936 домаќинста во земјава, од 567.007 колку што избројала статистиката, немаат свој автомобил, а 208.091 од нив немаат ниту компјутер поврзан на интернет. Статистиката открива фрапантни бројки дека во 21 век добар процент од населението во земјава не располага со основните добра потребни за пристојна егзистенција.

Така статистиката избројала дека 49.329 домаќинки метат со метла, бидејќи немаат правосмукалка, а 23.247 перат на раце зошто немаат машина за перење. На електричен шпорет пак не готват дури 40.824 домаќинства, а 13.041 немаат ниту болјер. Мобилен телефон нема во 45.927 домаќинства во земјава, 23.247 четворочлени семејства немаат телевизор во боја, а 6.804 гледаат на црно-бел телевизор. Бања пак немаат дури 10.773 семејства.

Податоците покажуваат разлики во снабденоста на домаќинствата со трајни потрошувачки добра, во зависност од тоа дали станува збиор за земјоделски, неземјоделски или мешовити домаќинства.

Најголем дел од домаќинствата 233.000 живеат во четворособни и поголеми станови

Најголем дел од домаќинствата во земајва или над 233.000 (41,1%) живеат во четворособни и поголеми станови, покажува статистиката. Други 31,9 процент или 180.875 се во трособни станови и 21,3 проценти или 120.772 се во двособни. На другата страна пак се вкупно  5,7 проценти од населението или 32.312 домаќинства кои жиеат во соба, гарсоњера или еднособен стан. Најмногу се во еднососбен стан 4,7 проценти, а 0,7 пшроценти се во гарсоњера. Другите 0,4 проценти од домаќинствата живеат во посебна соба. Или гледано по квадратурата на станот во кој живеат, најголем дел, една четвртина или 25,8 проценти се изјасниле дека живеат во стан од 81 до 100 квадрати, а други 13,8 проценти во станови над 120 квадрати.

Статистиката покажува дека дури 91,7 проценти од домаќинствата или вкупно 519.945 се сопственици на становите во кои што живеат. Само 1,3 проценти се изјасниле дека се закупци, а 5,7 проценти дека живеат кај родители и роднини.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП