14 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФондацијата на Бил Гејтс развила систем за контрола на вакцинацијата

Фондацијата на Бил Гејтс развила систем за контрола на вакцинацијата

Невидливата „тетоважа“ е патент изработен од полупроводни мали кристали кои ја рефлектираат светлината и сјаат под инфрацрвена светлина. Патентот ќе биде инјектиран заедно со вакцината со високо-технолошки  микроигли.

Истражувачите на тој начин ќе ги следат луѓето и ќе знаат дали биле вакцинирани. Микроиглите ќе оставаат белег од мастило, кое е видливо под инфрацрвени зраци.

“Во областите каде што картоните за вакцинација често се губат или воопшто не постојат, електронската база на податоци е напредок. Оваа технологија може да обезбеди брза и анонимна заштита за историјата на вакцинирањето на пациентите. Така ќе бидеме сигурни дека секое дете е вакцинирано”, рече научникот Кевин Мекхју.

Истражувањето го финансирала фондацијата “Бил и Мелинда Гејтс”, организација која се бори против искоренување на детската парализа и сипаници ширум светот, пред се со вакцинација.

Научниците веќе го испробале патентот и утврдиле дека жигот на стаорците останува видлив девет месеци по инекцијата, додека на човечките тела останува пет години.

https://twitter.com/eileeniorio/status/1207741573443784704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1207741573443784704&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fzdravlje%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2019%26mm%3D12%26dd%3D26%26nav_id%3D1635040

„Можно е овој пристап да создаде нова база на податоци во иднина, особено во неразвиените земји“, вели истражувачот Роберт Лангер.

Фондацијата “Бил и Мелинда Гејтс” претходно била критикувана за нивниот проект за вакцинација во 2009 година во Индија.

Во тоа време, неколку училишта во Телангана, на кои учествувале деца од локалните племиња, учествувале во истражувањето на неколку вакцини против карцином на матката, кои биле применети на илјадници девојчиња од девет до 15 години. Девојчињата ја примиле вакцината “Гардасил” против папилома вирусот, под надзор на државните здравствени установи. Биле вакцинирани 16.000 девојчиња, но по неколку месеци по вакцинирањето, многу од нив се разболеле, а пет девојчиња починале.

Комитетот за здравство и семејство кое го истражувало ова тестирање во Индија доставиле извештај во 2013 година во кој се вели дека студијата не е безбедна. Било посочено дека грубо се кршат медицинските стандарди и дека во многу случаиеви децата давале отпечатоци од прсти како знак на согласност, иако не знаеле каков е тестот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП