17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо отворање на „Роса“ школо во Куманово се заокружи вториот циклус од...

Со отворање на „Роса“ школо во Куманово се заокружи вториот циклус од проектот „Роса школо за родителство“

Долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, а во партнерство со Министерството за здравство го заокружи својот втор циклус со отворање на третото „Роса школо за родителство“ за 2019 г. во Општата болница во Куманово.

Ова е всушност шесто школо од почетокот на проектот во 2018, по отворањето на „Роса“ школите во Скопје, Битола, Гостивар, Струмица и Охрид.

„На претходните отворања веќе најавивме дека до крајот на 2020 се планирани уште три нови ‘Роса’ школи за родители, за што потврдува и неодамна потпишаниот Меморандум за соработка со Министерството за здравство, со што овој проект ќе се заокружи со вкупно 9 школи за родителство, но не ја исклучуваме можноста проектот да продолжи и по 2020 година. Верувам дека ова школо во Куманово, впрочем како и сите останати, добро ќе работи и благодарение на својот стручен и квалификуван тим, ќе понуди одговори за родителството и негата на бебето за сите заинтересирани идни родители“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, бренд менаџер за безалкохолни пијалаци во Пивара Скопје.

„Вистински нѐ радува фактот што проектот ‘Роса школи за родителство’ се реализира и во нашата болница и би сакала да ја искористам приликата да се заблагодарам на Пивара Скопје и Министерството за здравство за оваа донација. Располагаме со квалификуван, професионален тим од гинеколог-акушер, педијатар и акушерска сестра, кои во рамките на оваа школа ќе ги извршуваат работилниците и ќе ги охрабрат идните родители од Куманово за успешно родителство, но и ќе придонесат и за безбедна бременост и балансиран начин на живот и после породувањето и во периодот на правилна нега и исхрана на детето“, рече Д-р Снежана Захариева, директор на ЈЗУ Општа болница Куманово.

Средствата за опремување и реновирање на „Роса школото за родителство“ се обезбедени од страна на Пивара Скопје, а беа собрани преку претходно спроведена кампања, во која се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише „Роса“ вода од 1,5 л.

Обуките се бесплатни и ќе бидат организирани во 5 тематски целини, а трудниците и сите  заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства ќе можат да се информираат и пријавуваат директно во Општата болница во Куманово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП