26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВредноста на акциите на Netflix се зголеми 40 пати за 10 години

Вредноста на акциите на Netflix се зголеми 40 пати за 10 години

Netflix, видео сервис достапен за корисниците ширум светот, го сруши рекордот кога станува збор за вредноста на неговите акции. Имено, индексот на вредноста на акциите на оваа компанија се зголемил за вртоглави 189 проценти.

Пред скоро десет години, Netflix имал нешто повеќе од 12 милиони претплатници кои плаќале девет долари месечно за да ги добијат омилените филмови во своето поштенско сандаче. Компанијата тогаш вредела неколку милијарди долари.

Меѓутоа, идејата видео материјалот од ДВД формат да се пренесе во дигитален, на оваа компанија и овозможи да направи бизнис на деценијата, пренесува CNBC.

Вредноста на вложени милион долари во акции на Netflix до 1 јануари 2010 година, денес би изнесувала близу 43 милиони долари. Враќањето од 4,181 процент, заклучно со петокот, ја надмина индивидуалната вредност на акциите во текот на историјата на сите досегашни членови на S&P 500 групацијата, на која се придржи Netflix во декември 2010 година, надминувајќи ја дури и вредноста на New York Times.

Далеку од своите конкуренти, Netflix има пазарна вредност од околу 148 милијарди долари, што го прави еден од 40-те највредни американски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП