18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо крајот на годината планетата ќе има 83 милиони повеќе луѓе

До крајот на годината планетата ќе има 83 милиони повеќе луѓе

До крајот на годината околу 7,75 милијарди луѓе ќе живеат на Земјата, проценува Германската фондација за светско население (DSW).

Тоа е околу 83 милиони луѓе повеќе од претходната година, што значи дека планетата ќе добие исто толку жители колку што има Германија.

Населението расте во просек по 2,6 луѓе секоја секунда, што претставува помал број од бројот на починати. Според овој тренд, во светот во 2023 година треба да живеат осум милијарди луѓе.

Жените во Африка имаат во просек по 4,4 деца, две повеќе од глобалниот просек, а според проценките на ООН, популацијата на Африка скоро двојно ќе се зголеми од сегашните 1,3 милијарди луѓе на 2,5 милијарди до 2050 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП