10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска поскапи цени на горивата

Од денеска поскапи цени на горивата

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапе за половина денар, а за денар е повисока цената на Еуросупер БС-98, Еуродизелот (D-E V) и на Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1).

Новата цена на Еуросупер БС 95 сега изнесува 67,5 денари за литар, 70 денари на Еуросупер БС 98, 62,5 денари на Еуродизел (Д-ЕV), а на екстра лесното масло за домаќинство чини 51,5 денари.

За 1,932 денари по килограм поскапе мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс сега се продава по цена од 37,339 денари за килограм.

Зголемувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 2,25 проценти.

РКЕ ја донесе новата цена на горивата врз основа на цените на нафтените деривари на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП