24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple водечки производител на телефони по заработка

Apple водечки производител на телефони по заработка

Третиот квартал од 2019 година не беше толку успешен колку и третиот квартал од 2018 година. Имено, оваа година добивката во индустријата за мобилни телефони падна за 11 проценти, па производителите на мобилни телефони во последните три месеци заработија само 12 милијарди долари.

Како причина за падот на профитот се наведува се поголемиот број на продадени телефони по пониска цена во однос на минатата година, а свои прсти во тоа има замешано и продолжувањето на животниот век на “флегшип” уредите. На кратко, корисниците во последните три месеци купувале поевтини уреди, додека сопствениците на “флегшип” одлучиле своите уреди да ги задржат уште некое време, бидејќи во последните неколку месеци немаше посебен напредок во можностите на уредите и затоа немале причина да ги заменат.

Сепак, Apple повторно доби најголем дел од колачот – дури 66 проценти од наведените 12 милијарди долари, односно околу 8 милијарди долари. На второ место по профитот се најде Samsung, но со значително пониски 17 проценти. Но, повторно доволно големи да заработат околу 2 милијарди долари.

Третото место му припаѓа на Huawei, кој во третиот квартал од 2019 е дел од 10 проценти од колачот, т.е. околу милијарда долари. Другите производители ги поделија меѓу себе преостанатите милијарди долари. Компанијата Counterpoint очекува Apple во извештајот за четвртиот квартал од 2019 година дополнително да ја зголеми својата предност над конкуренцијата благодарение на зголемената продажба на iPhone-и за време на овогодинешните празници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП