8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали верувате во среќа? Можеби денеска е вашиот среќен ден!

Дали верувате во среќа? Можеби денеска е вашиот среќен ден!

Остануваат уште само 7 дена до извлекувањето на главната награда ŠKODA KAROQ од наградната игра „Полни, патувај и добивај!“ на ЛУКОИЛ Македонија

Кога е последниот пат кога сте ја испробале вашата среќа и таа ви се насмевнала? Дали се сметате себеси за личност која ја прати среќа? Велат среќата ги прати храбрите и упорните, а доказ за тоа се 140-те среќни добитници на вредни награди од шесте досегашни извлекувања во рамки на наградната игра „Полни, патувај и добивај!“ на ЛУКОИЛ Македонија.

Овие лојални корисници на горивата и производите од бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија успеаја да добијат една од многуте атрактивни награди, како кровни куфери за автомобил, ваучери за пневматици во вредност од 12.000 ден., Samsung Galaxy таблети, смарт часовници, ваучери за спортска облека од 3.000 ден., ваучери за гориво од ЛУКОИЛ Македонија од 2.000 ден. и ЛУКОИЛ масла. Но, главната награда – ŠKODA KAROQ, треба доправа да биде извлечена и да го добие својот нов сопственик.

До крајот на наградната игра „Полни, патувај и добивај!“ и извлекувањето на главната награда на 30.12.2019 останува уште само една недела. За да учествувате во неа и да станете потенцијален добитник на ŠKODA KAROQ, потребно е да направите сметка од најмалку 1.000 ден. на една од 31-та бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија и бројот на фискалната сметка преку СМС порака да го испратите на телефонскиот број 149 499.

„Пресреќна и презадоволна сум со освоената награда. Среќата е огромна затоа што успеав да добијам една од поголемите награди во оваа наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија како што е кровен куфер за автомобил. Наградата е токму она што ми беше потребно и ќе има примена во моите патувања со семејството. За мене оваа награда претставува одлично предновогодишно изненадување и неизмерно сум благодарна на ЛУКОИЛ Македонија“, изјави Хилда Калкова од Гевгелија, добитничка на кровен куфер за автомобил во наградната игра „Полни, патувај и добивај!“.

На едноставен начин, со полнење на гориво или купување на производи во вредност до најмалку 1.000 ден. на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија и испраќање на бројот од фискалната сметка, можеби токму вие ќе статнете новиот среќен добитник на вредната ŠKODA KAROQ. Можеби денеска е вашиот најсреќен ден оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП