20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen ќе гради фабрика во Турција или воопшто нема да ја гради!?

Volkswagen ќе гради фабрика во Турција или воопшто нема да ја гради!?

Германската компанија Volkswagen ќе гради нова фабрика во Турција или воопшто нема да ја гради. Конечната одлука за тоа ќе биде донесена во февруари, јавуваат германските медиуми.

Ова компанија донесе одлука за инвестирање на 1,3 милијарди евра во изградба на фабрика во Турција во која би се произведувале автомобили од најновата генерација на моделите VW Passat и Skoda Superb.

Но, по турската офанзива во Сирија, администрацијата на Volkswagen ја одложи реализацијата на таа одлука до крајот на оваа година.

Тоа задоцнувањето ги разгоре надежите на властите во Србија, Бугарија и Романија дека германската компанија би можела да ја премести фабриката на нивната територија.

Далеку последна интерес покажа и Хрватска, но од тоа нема да биде ништо.

Ако сепак се откажат од Турција, Германците целосно ќе се откажат од изградба на нова фабрика.

Доколку се откажат од нова фабрика во Турција, Volkswagen производството на автомобили марка Passat и Superb, кои моментално се склопуваат во чешкиот град Квасини, би го преместиле најверојатно во Братислава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП