21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUber забранет во Германија

Uber забранет во Германија

Германски суд и забрани со работа на американската компанија Uber која се занимава со закажување возења преку мобилна апликација, посочувајќи дека компанијата не ги поседува потребните дозволи за превоз на патници во германските градови.

Компанијата Uber во Германија работи во седум градови, вклучувајќи ги Франкфурт, Берлин и Минхен, и работи исклучиво со фирми за изнајмување автомобили со лиценцирани возачи.

Business Insider напоменува дека одлуката на германскиот суд е нов чекор наназад за Uber, бидејќи компанијата во ноември ја изгуби дозволата за работа во Лондон.

Градските водачи ја образложија одлуката со тоа што Uber ги става во опасност своите патници. На одлуката на германскиот суд, која веднаш стапи во сила, Uber има право на жалба.

„Ќе ја оцениме пресудата и ќе утврдиме понатамошни чекори за понатамошно обезбедување на нашите услуги“, изјави портпаролот на Uber.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП