18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСенатот на САД го усвои буџетот за 2020 година во износ од...

Сенатот на САД го усвои буџетот за 2020 година во износ од 1,4 трилиони долари

Сенатот на САД го усвои буџетот за 2020 година во износ од 1,4 трилиони долари.Во вторникот Претставничкиот дом, исто така, го одобри тој пакет од два предлог-закона за финансиската 2020 година. Првиот го вклучува здравството и вработувањето, а вториот се однесува на одбраната, финансиите, трговијата, научниот и правниот сектор.

Пентагон ќе добие 738 милијарди долари за воени активности, што е за 22 милијарди долари повеќе од минатата година. За изградба на безбедносни објекти по должина на границата со Мексико се наменети 1,4 милијарди американски долари.

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп треба да ги попише двата документа за да можат да стапат во сила, со цел да се избегне прекин на работата на Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП