1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei своите компоненти ќе ги прави во Европа

Huawei своите компоненти ќе ги прави во Европа

Кинеската телекомуникациска групација Huawei работи на планот компонентите за своите уреди да ги произведува во Европа, пренесува AFP, наведувајќи дека веста доаѓа во време кога лидерот во 5G мрежата настојува да се избори со американските санкции.

„Планираме во иднина да произведуваме сопствени компоненти на производствена локација во Европа. Правиме физибилити студија за отворање фабрика во Европа, а изборот на земја ќе зависи од таа студија“, изјави претседателот на групацијата, Лианг Ху во интервју за AFP.

Иако агенцијата не наведува временска рамка за оваа инвестиција, Лианг изјави дека „тоа може да се случи многу наскоро“.
Додаде и дека компанијата веќе ја надминала зависноста од снабдување на чипови и други компоненти од американските компании.

Huawei стана водечки играч во 5G инфраструктурата и втор по големина производител на паметни телефони во светот, по компанијата Samsung Electronics, откако во 1987 година ја основа поранешниот кинески воен инженер Рен Женгфеи.

Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на американските фирми да престанат да работат со Huawei, но кинескиот гигант цврсто отфрла дека е алатка на кинеската разузнавачка служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП