23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставничкиот дом го отповика Трамп: Американскиот претседател мора да оди на судење...

Претставничкиот дом го отповика Трамп: Американскиот претседател мора да оди на судење во Сенатот

Доналд Трамп е трет американски претседател во 245-годишната историја на САД да се соочи со судење во Сенатот и потенцијално разрешување од функцијата.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за отповикување на Доналд Трамп, со што тој стана трет американски претседател во 245-годишна историја на Соединетите држави кои ќе се соочат со судење во Сенатот и негово потенцијално разрешување.

Тоа е, според Ројтерс, историски чекор што дополнително ќе ги влоши партиските тензии низ длабоко поделената Америка.

Долниот дом на Конгресот, во кој доминираат демократите, донесе предлог за отповикување на Трамп по партиска линија.

230 членови на Претставничкиот дом гласаа за првата точка од предлогот – злоупотреба на службената должност, додека против биле 197.

Демократите го обвинија Трамп дека ја злоупотребил својата позиција кога тој побарал од Украина да го истражат поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, еден од фаворитите за победа на претседателската номинација кај демократите. Американскиот претседател исто така е обвинет за спречување на истрагата на Конгресот во врска со ова прашање.

Претседавачката на Претставничкиот дом Нанси Пелоси кратко се обрати до јавноста на крајот од гласањето, велејќи дека „18 декември е добар ден за Уставот на САД, но тажен за Америка затоа што претседателот е отповикан“.

Додека се гласало во Претставничкиот дом, Трамп зборувал на митингот во Мичиген на кој рекол дека процесот на отповикување е „политички самоубиствен марш“ за Демократската партија.

„Со денешното неуставно и партиско отповикување, демократите кои ништо не работат, покажаа длабока омраза и презир кон американскиот гласач“, рече Трамп.

Набргу откако гласањето заврши, тој остро го критикуваше потегот на демократите. „После три години мрачен лов на вештерки и измами, демократите во Претставничкиот дом се обидоа да ги минимизираат гласовите на десетици милиони патриотски Американци“, истакна американскиот претседател, тврдејќи дека демократите се обидуваат да го отповикаат „од првиот ден“.

Отповикувањето на Трамп не значи негова смена на должноста – за тоа ќе се одлучува на судењето во Сенатот следниот месец. Ниту еден претседател во својата 243-годишна историја не бил разрешен и покрај неговото отповикување.

За тоа е потребно двотретинско мнозинство во Сенатот, што значи најмалку 20 републиканци би требало да гласаат против Трамп заедно со демократите.

Ниту еден републикански сенатор не посочи дека ќе го стори тоа, па сигурно е дека Трамп ќе остане на функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП