11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФинска им поклонува на граѓаните на ЕУ курс за "вештачка интелигенција"

Финска им поклонува на граѓаните на ЕУ курс за “вештачка интелигенција”

Финска подготви технолошки божиќен подарок за сите граѓани на ЕУ – бесплатен курс за употреба на вештачка интелигенција на нивен мајчин јазик, соопштија денеска официјалните лица. Технолошки напредната нордиска држава, предводена од најмладиот премиер во светот Сана Марин (34), го означува крајот на шестмесечното претседателство со ЕУ, поставувајќи многу амбициозна цел.

Наместо да донира вообичаени вратоврски и шалови на претставниците на Унијата и на новинарите, финската влада се одлучи за помалку конвенционални подароци, не само за избраните, туку за сите државјани на ЕУ.

Финска, со население од 5 5 милиони, ќе го пренесе знаењето за вештачка интелигенција на 1 процент од граѓаните на ЕУ, што е околу 5 милиони луѓе, преку основен онлајн курс кој ќе трае до крајот на 2021 година. Во проектот ќе учествуваат и Универзитетот во Хелсинки и Рекатор, консултантска фирма од областа на технологијата со седиште во Финска.

Тим Рус, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Хелсинки, го опиша проектот, вреден скоро два милиони евра, како подарок од Финска за Европа и курс за вештачка интелигенција за сите граѓани на ЕУ, за да можат да се справат со растечката дигитализација во општеството и да се запознаат со можностите на вештачката интелигенција на пазарот на трудот и во другите области.

Тој додаде дека курсот ги опфаќа основните концепти на вештачката интелигенција на практичен начин и не спаѓа во подлабоки концепти како што е кодирање.

„Имаме неверојатен потенцијал во Европа, но ни недостасуваат инвестиции во вештачката интелигенција“, рече Рус, додавајќи дека континентот се соочува со жестока конкуренција во областа на вештачката интелигенција која доаѓа од дигиталните гиганти како Кина и САД.

-Програмата „елементи на вештачка интелигенција“ оствари голем успех во Финска од кога започна во 2018 година. Тој е најпопуларен предмет во историјата на Универзитетот во Хелсинки, кој постои од 1640 година, а досега учествуваа 220.000 студенти од повеќе од 110 земји, истакна Рус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП