24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧетирите најпопуларни апликации во последните 10 години се во сопственост на Facebook

Четирите најпопуларни апликации во последните 10 години се во сопственост на Facebook

Последната деценија беше одлична за Facebook, кој според листата на фирмата за аналитика App Annie, ги поседува четирите најпопуларни апликации.

Прво место на списокот на најпопуларни апликации за уреди со Android и iOS го зазема Facebook, потоа следи второпласираниот Facebook Messenger, третопласираниот WhatsApp и Instagram на четвртото место. Сите четири апликации се во сопственост на компанијата Facebook.

Во топ пет влезе и Snapchat, шести е Skype, седмото место припаѓа на апликацијата TikTok, додека UC Browser е на осмото место. YouTube е дури девети на листата, а Twitter ги заокружува топ 10-те.

Овие податоци јасно говорат дека Facebook доминира во секојдневието на луѓето од 2010 година до денес. Апликацијата Facebook дефинитивно стана клучен дел од рутината на луѓето, па воглавно не ја напуштија платформата ни по скандалот во врска со приватните податоци и лажните вести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП