20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing го суспендира производството на моделот 737

Boeing го суспендира производството на моделот 737

Компанијата Boeing денес објави дека привремено ќе го прекине производството на авионите 737 MAX во јануари следната година, за прв пат по повеќе од 20 години.

Одлуката следува откако Федералната управа за воздухопловство одби да го одобри враќањето на авионите во употреба пред 2020 година по двете несреќи, во кои загинаа повеќе од 300 луѓе.

Компанијата Boeing, која го произведува моделот 737 јужно од Сиетл, наведува дека нема да отпушти никој од 12.000 вработени за време на замрзнување на производството, но овој потег најверојатно ќе влијае на добавувачите и пошироката економија, пренесува Reuters.

Boeing продолжи со производството на авионите и покрај тоа што тој модел беше призејмен девет месеци по двете смртоносни несреќи.

Повеќе од 300 луѓе загинаа кога два авиони 737 MAX се срушија во Индонезија и Етиопија, откако беше пријавено дека имаат проблеми со новите карактеристики, потсетува BBC.

Авионот 737 MAX е призејмен од март по двете несреќи, што досега го чинеше производителот повеќе од девет милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП