4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ сака да ја купи најголемата државна банка во Србија

НЛБ сака да ја купи најголемата државна банка во Србија

Нова Љубљанска Банка (НЛБ) влегува во “трка” за купување на најголемата српска банка во доминантна државна сопственост “Комерцијална Банка”, објавија денес словенечките медиуми, а пренесе дописникот на МИА од Љубљана.

Според информациите, интерес за купување на банката, покрај НЛБ, покажале и австриската “Рајфајзен Банк” и “АИК” Банка. Во меѓувреме не се остварија најавите дека американскиот фонд “Риплуд Адвајзерс”, исто така, ќе се обиде да ја купи банката.

Која од овие понуди е најдобра ќе се знае за неколку дена, потребни за анализирање на понудите. Тоа што досега се знае е дека сите три понуди се комплетни и дека во се прави евалуација. Банката која има доставено најдобра понуда ќе биде поканета да ги почне разговорите за превземањето на банката, во кој државата има удел од 83 отсто.

Инаку, Комерцијална Банка Србија 2019 година ќе ја заврши со историска добивка од 74.000.000 евра. Банката има експозитури во Србија, Црна Гора и БИХ, а според најавите сака да се прошири и во Северна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП