3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни е главна цел на Мурињо

Руни е главна цел на Мурињо

image (1)

Челзи е подготвен да му дава на Вејн Руни по 240 илјади фунти неделна плата за петгодишниот договор во вкупна вредност од 60 милиони фунти, нормално ако тој одлучи да го напушти Манчестер Јунајтед.

Англискиот репрезентативец е трансфер цел „број 1“ на менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо и тој ќе се обиде да го доведе во овој преоден рок.

Иако менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојс изјави минатата недела дека нема да го пушти Руни да си оди, сепак постојат прашања кои не се решени.

Руни на кого му остануваат само две години до крајот на договорот со „црвените ѓаволи“, не покажува со ништо дека сака да остане на „Олд Трафорд“, па затоа Челзи сака да заземе пол-позиција во трката за неговиот потпис.

Тој би чинел околу 30 милиони фунти, ако шампионот на Премиер лигата одлучи да го продаде. Мурињо, кој вчера го одржа својот прв тренинг со лондончани, сака да му даде на напаѓачот нов почеток на „Стемфорд Бриџ“.

„Специјалниот“ освен тоа ја следи и ситуацијата со Луис Суарез во Ливерпул и побарал од советниците да му даваат информации за случувањата со него.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП