13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните на Словенија во просек заработуваат 1.122 евра месечно

Граѓаните на Словенија во просек заработуваат 1.122 евра месечно

Просечната нето-заработка исплатена во Словенија за октомври 2019 година изнесувала 1.122 евра.

Тоа е номинално повеќе за 1,6 проценти, а реално повеќе за 1,5 проценти во однос на претходниот месец.

На годишно ниво, словенската нето плата за октомври се зголемила за 3,3 проценти номинално, објави словенечката агенција STA.

Новите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната бруто заработка за наредниот месец е зголемена за 1,7 проценти номинално и за 1,6 проценти реално на 1.742 евра во однос на септември, и за 3,9 проценти во однос на октомври 2018 година.

Просечната нето плата во приватниот сектор е поголема за 2,3 проценти во однос на септември, а во јавниот сектор за 0,4 проценти.

Највисока просечна месечна нето плата во износ од 1.593 евра е исплатена во индустријата за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а најниска во административните и помошните услужни дејности, 814 евра.

Месечните заработки најмногу се зголемиле во земјоделството, шумарството и рибарството за 5,5 проценти, додека најмногу паднаа оние на вработените во јавната администрација и одбраната и задолжителното социјално осигурување, за 0,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП