20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls-Royce ја претставува уникатната верзија на својот Phantom модел

Rolls-Royce ја претставува уникатната верзија на својот Phantom модел

Пред само неколку седмици, Rolls-Royce го откри Wraith правен по мерка, кој го содржеше најделикатниот вез кој некогаш го создадоа…

Луксузното купе со две врати имаше небо со вез на соколот Peregrine, со дури 250.000 шавови. Во обид да се надминат себеси, овој модел на Rolls Royce го придружуваше  уште една креација правена по мерка, која доби прилагодено небо, а во кое има неверојатни милиони везени шавови, со нежни цветни дизајни.

Креирано по нарачка од клиент во Стокхолм, Rolls Royce брендот го прифати предизвикот да ја персонализира кабината во моделот Phantom на начин кој досега не бил виден. Волшебниот цветен дезен на небото на уникатниот Phantom е инспирирана од розата Phantom – уникатна сорта која исклучиво се одгледува во фабриката на овој бренд во Англија.

Дизајнерите на компанијата Rolls-Royce одлучија да насликаат различни фази од животот на овој цвет во внатрешноста на кабината. Патниците како третман добија сцена каде што може да видат како ситните пупки растат во процветани рози, заедно со пеперутките кои летаат околу нив. Уникатниот Phantom го нарачал шведскиот претприемач, Ајад Ал Сафар за неговата ќерка Магнолија, која за надворешноста избрала “паунова” сина боја.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП