4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛето е, време е за кабриолети!

Лето е, време е за кабриолети!

Што е поубаво од тоа да е лето, а ти да си во кабриолет, додека топлиот воздух дува во твоето лице? Лето допрва почнува, ви недостасува само најсоодветниот кабриолет. Дали Кабрио роудстер, со мек или црвст покрив, подвижен или не, производителите имаат широк спектар на возила. Ви ги нудиме најевтините опции:

Smart-Cabrio-25804_1259765685851

1. Најевтиниот кабриолет на европскиот пазар во моментов е „Smart ForТwo Cabrio“. Тој чини 13.985 евра.

2. „Fiat 500C“ е со класичен покрив. Неговата цена е 14.100 евра.

3. Најевтиниот кабрио со платнен покрив е „Renault Wind“, кој е базиран на моделот Twingo. Може да биде ваш за цена од против 17.200 евра.

4(34)

4. „Citroën DS3 Cabrio“ е како мал „Fiat 500C“ со подвижен покрив. Неговата цена е 17.790 евра.

5. „Peugeot 207CC“ е кон крајот на производството. Следниот модел ќе се базира на „Peugeot 208“ и ќе биде со мек покрив. Чини 19.850 евра.

6. Од „Mini“ го нудат „Mini One Cabrio“ со 98 коњски сили во основниот модел. Може да се купи за 21.050 евра.

6(29)

7. „VW Beetle Cabrio“ потсетува на старите „буби“. Чини 21.350 евра.

8.  Досега се произведени околу милион примероци од моделот „Mazda MX-5“. Клиентите можат да изберат помеѓу мек и подвижен покрив, а цената на автомобилот е 22.950 евра.

9. „Mini“ нудат и елегантен Кабрио за 22.600 евра.

10(24)

10. „VW Golf Cabrio“ е базиран на последната генерација „Golf VI“. Неговата цена е 24.175 евра.

11. Со моделот „Cascada“ од „Opel“ сакаат да понудат конкурентна варијанта на средната класа на кабриолети на другите марки. Се продава за 25.945 евра.

12. Платниот покрив на „Renault Mégane CC“ нуди големи стаклени површини и убави погледи при лошо време. Чини 28.090 евра.

13(13)

13. Во првите пет месеци на 2013-та година се продадени едвај 1.500 „VW Eos“ во Германија. Само една пониска цена на моделот со подвижен покрив би привлекла повеќе купувачи. Во моментов тој чини 29.100 евра.

14. „Peugeot 308 CC“ не се продава многу успешно, но со неговата лимитирана верзија ја стимулираат продажбата. Се нуди за 29.400 евра.

15. „118i“ е најевтиниот автомобил кабриолет на „BMW“  за 29.950 евра.

15(10)

16. „Audi TT Cabrio“ се издвојува визуелно во спектарот на компанијата. Неговата цена е 32.700 евра.

17. „BMW Z4“ е со освежен изглед од пред неколку недели и со „sDrive 18i“ со 156 коњски сили. Можете да го купите за сума од 33.950 евра.

18. 328 коњски сили, повеќе квалитет за оваа цена не нуди никој друг кабриолет, освен „Nissan 370Z Roadster“. Тој чини 35.900 евра.

18(5)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП