20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата Листа на должници

УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.12/2019 за долгови доспеани до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.12/2019 објавени се 2006 должници – правни лица (помалку за 14 од претходната листа) и 2527 физички лица (помалку за 12 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2019 изнесува 10.039.498.849 денари, помалку за 90.217.232 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.879.654.735 денари (помалку за 90.290.624 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 159.844.114 денари (повеќе за 73.392 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП