3 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Coca-Cola денес вредат 450.000 пати повеќе од почетната вредност

Акциите на Coca-Cola денес вредат 450.000 пати повеќе од почетната вредност

Coca-Cola овие денови слави 100-ти роденден на акциите на компанијата. Акциите на Coca-Cola за прв пат се појавија на јавна понуда во 1919 година, откако Аса Кендлер ја продаде компанијата на Ернест Вудроф и неговите деловни партнери.

За да соберат средства за раст на компанијата, и понудија на јавноста 500.000 акции по цена од 40 долари. Во 1919 година, Coca-Cola се продаваше на само шест пазари надвор од континенталниот дел на САД, а денес е присутна во повеќе од 200 земји.

Coca-Cola со децении беше единствен производ на компанијата Coca-Cola, но со текот на времето понудата се ширеше и денес опфаќа повеќе од 500 различни производи, вклучувајќи кафе, спортски пијалоци, сокови, чај и многу повеќе.

Во исто време, со раст на компанијата, растеше и нејзината вредност. Оригиналната акција од 40 долари со реинвестирана дивиденда денес би вредела повеќе од 18 милиони долари, односно дури 450.000 пати повеќе од почетната вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар