Истражувањето неодамна објавено во магазинот “JAMA”, покажа зголемување на повредите поврзани со мобилните телефони во последните 20 години.
Студијата ги анализира податоците од националните служби за итни случаи и откри дека повредите биле поретки до 2007 година, кога, на пример, за прв пат е лансиран iPhone на пазарот.
Набргу потоа, повредите поврзани со телефонот почнале драматично да растат.
„Иако мобилните телефони се здобија со популарност уште пред тој временски период, нивните функции беа ограничени, и беше помала веројатноста да бидат толку голема дистракција како што се денешните современи паметни телефони“.
Според студијата, најмногу повреди трпи вратот, лицето, очите, носот, ушите и главата.
Пречки во возењето и пишувањето пораки за време на прошетки биле главните причини за повреда на луѓето на возраст од 13 до 29 години. Децата до 13 години најчесто биле повредени од самиот телефон, поради големината и тежината на денешните „паметни“ уреди.
Претходно, студии заклучија дека дури и со користење паметен телефон може да му наштети на вратот и ‘рбетот, бидејќи на секој сантиметар кога ја наведнувате главата нанапред од неутрална позиција се удвојува притисокот врз ‘рбетот.
Покрај зголемениот број на повреди поврзани со мобилните телефони, постои и постојан пораст на смртните случаи. Во 2018 година американскиот Национален совет за безбедност регистрираше 2.841 лица кои загинале во несреќи предизвикани од одвлекување на вниманието, додека некои други истражувања велат дека има повеќе од 6.000 смртни случаи на пешаци.