19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП порасна 3,6 проценти во третиот квартал

БДП порасна 3,6 проценти во третиот квартал

Растот на БДП во третиот квартал од 3,6 проценти, колку што пресмета Државниот завод за статистика, за премиерот Зоран Заев е под неговите очекувања. Тој очекувал дека економијата во третиот квартал ќе порасне 4 проценти, но некои дејности потфрлиле и се под очекувањата. Вели можеме да бидеме задоволни, но не до крај, но е оптимист дека ќе се остварат владините проекции за раст на економијата од 3,8 до крајот на годинава.

Заев:Некои дејности не ги дадоа очекуваните резултати

-Според мене, 3,6 отсто раст на БДП е малку под моите очекувања. Јас очекував дека ќе биде четири проценти во третиот квартал, но веројатно одредени перформанси не ги дале очекувањата. Се водев од растот на индустриското производство кое беше 9,8 отсто, па 5,6 отсто, па последниот 4,4 отсто, но секако и другите дејности не ги дале очекуваните резултати. Но 3,6 отсто во третиот квартал, на завршено прво полугодие со 3,6 отсто, значи имаме просек од 3,6 отсто раст во три квартали. Проектирано е 3,8 отсто и ако постигнеме во последниот, четвртиот квартал нешто над четири ќе го исполниме очекувањето од 3,8 отсто раст, изјави премиерот Заев.

Во третото тримесечје од 2019, најголем пораст е забележан во секторите Рударство и вадење на камен; преработувачка индустрија; снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 6,8 проценти, а потоа следува градежништвото од 5,5 проценти.

Секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна пораснале за 4,9 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, има учество во структурата на брутодомашниот производ со 65.6 проценти во третото тримесечје од 2019 година, номинално расте за 4,6 насто. А во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 8,4 проценти, а увозот на стоки и на услуги за 10,9 проценти..

БДП во трет квартал 1,93 милкијарди евра

Податоците на Државниот завод за статистика покажуаат дека БДП по расходниот метод во третиот квартал од годинава тежел 1,93 милијарди евра. Толку произвела македонската економија.

Најголем дел е финалната потрошувачка која тежи 1,64 милијарди евра, од кој финалната потрошувачка на домаќинствата изнесува 1,38 милијарди евра, а финалната јавна потрошувачка е 254 милиони евра. Буто инвестициите тежат 605 милиони евра. А извозот на стоки и услуги изнесува 1,5 милијарди евра, а увозот 1,8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП