Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,096.21 0.01%    GRNT 1,234.43 0.05%    KMB 7,400.11 -0.02%    MPT 78,121.84 -0.92%    OHB 5,200.00 0%    RZTK 690.00 -1.43%    STB 1,210.00 -0.02%    STBP 657.00 0.15%    TEL 321.00 -1.03%    TNB 17,800.00 -0.14%    TTK 1,656.29 -2.57%    USJE 24,215.00 0%    

НЛБ Банка – Банка на годината по десетти пат

Време: 15:01

Датум: декември 6, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

НЛБ Банка денеска ја прослави десетата награда „The Banker“

Денеска во хотелот Хилтон, НЛБ Банка ја прослави десетата награда за најдобра Банка на година. Во присуство на голем број гости, соработници и пријатели, во пријатна атмосфера, Претседателот на Управниот одбор г-динот Антонио Аргир и Претседателот на НЛБ д.д. г-динот Блаж Бродњак ги поздравија присутните со прикладен говор и го искажаа своето задоволство за добиеното признание.

– Да се биде Банка на годината во Македонија е огромна чест, но да се биде Банка на годината по десетти пат, покрај чест, претставува и голема одговорност која јас и НЛБ тимот сме подготвени да ја оправдаме и во иднина. За нас, ова признание од The Banker претставува голема сатисфакција и потврда за високиот стандард во работењето кој НЛБ Банка го одржува низ годините – изјави г-дин Аргир.

На настанот се обрати и г-динот Блаж Бродњак, Претседател на НЛБ дд и Прв човек на НЛБ Групацијата .

– Оваа награда не е важно признание само за НЛБ Банка АД Скопје туку и за целата НЛБ групација. Ова е уште една потврда за нашата визија, да станеме регионален шампион и да се грижиме за финансиските потреби на нашите клиенти додека во исто време влијаеме врз квалитетот на живот во регионот. Во најголем дел, Југоисточна Европа е наш дом. Ние сме единствена финансиска групација од Западен Балкан која е присутна во Словенија и на сите пазари во поранешна Југославија во Западен Балкан. Го говориме јазикот, ги разбираме локалните специфики и менталитет и делиме заедничко минато. Уште поважно е дека, ние сме единствените кои имаат регистрирана централа тука и единствени со ексклузивно стратешко внимание во регионот. Главата и срцето на НЛБ групацијата се тука поради што ние сакаме и ќе направиме сè во наша моќ за да видиме како овој регион расте – истакна г-дин Бродњак.

За време на настанот присутните уживаа во музичките изведби на диригентот Емин Џијан и неговиот Магичен оркестар.

На 28-ми ноември во Лондон, наградата за Банка на годината во Република Северна Македонија по десетти пат и припадна на НЛБ Банка. Оваа престижна церемонија на која се избираат глобалните и регионални награди за најдобрите во банкарството за 2019 година е во организација на реномираниот финансиски британски магазин The Banker, публикација на The Financial Times од 1926 година.

The Banker наградите се одржуваат секоја година во Лондон, во друштво на најдобрите банки од над 140 земји во светот, каде се доделуваат признанија на врвни финансиски институции.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Милиони возачи бараат оштета од Volkswagen

    Милиони возачи бараат оштета од Volkswagen

    Холандската фондација Diesel Emissions Justice вчера започна со колективна акција против германската компанија Volkswagen како дел од европската кампања. Целта на кампањата е да се добие…

  • Се создава една од најголемите авиокомпании во Европа: LOT го купува германски Condor

    Се создава една од најголемите авиокомпании во Европа: LOT го купува германски Condor

    Полскиот авиопревозник LOT ќе ја купи германската авиокомпанија Condor, објавија двете компании, најавувајќи создавање на водечка авиокомпанија во Европа која годишно ќе превезува повеќе од…

  • Уште еден автомобилски гигант под истрага

    Уште еден автомобилски гигант под истрага

    Корпорацијата Suzuki објави дека ќе соработува со холандските власти, во врска со сознанијата дека нивните дизел возила ги прекршиле регулативите за емисија на гасови во земјата.…

  • Отворен нов продажно-сервисен HYUNDAI центар

    Отворен нов продажно-сервисен HYUNDAI центар

    Ми-Да Гранд Моторс е новиот единствен овластен импортер на возила и резервни делови на Hyundai Motor Company за Македонија. Со денешното отворање на новиот продажно-сервисен…

  • Апликациите на Facebook им донеле 208 милијарди евра на компаниите во ЕУ

    Апликациите на Facebook им донеле 208 милијарди евра на компаниите во ЕУ

    Апликациите со кои управува Facebook им помогнале на компаниите од Европската унија да испорачаат стоки во вредност од 208 милијарди евра во 2019 година, односно…

  • Двоен златен медал за новото премиум вино на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во Кина

    Двоен златен медал за новото премиум вино на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во Кина

    Новото црвено премиум вино „Terrasse a L’Ombre 2018“, кое е дел од „Tikveš Châteaux & Domainеs“, освои двоен златен медал на првиот голем меѓународен вински…

  • Solveo – македонски иновативен стартап кој на компаниите им овозможува директно поврзување со младите

    Solveo – македонски иновативен стартап кој на компаниите им овозможува директно поврзување со младите

    Со иновација и уникатна стратегија, Солвео на компаниите во Македонија им овозможува полесно да се поврзат со младите умови и да добијат нови и свежи…

  • Новата продавница на ИКЕА во Виена има еколошки покрив и нема паркинг

    Новата продавница на ИКЕА во Виена има еколошки покрив и нема паркинг

    Новата продавница на ИКЕА сместена на виенската станица Вестбанхоф се разликува од другите нејзини продавници. Таа не само што има еколошка фасада и покрив, туку…

  • Пивара Скопје доби нова А-интегрирана еколошка дозвола

    Пивара Скопје доби нова А-интегрирана еколошка дозвола

    Министерството за животна средина и просторно планирање ѝ додели на Пивара Скопје нова А-интегрирана еколошка дозвола со важност во наредните седум години. Со овој документ…

  • Алкалоид со потврдени за ЕУ сертификати за добра производна пракса

    Алкалоид со потврдени за ЕУ сертификати за добра производна пракса

    Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Словенија по извршената инспекција во погоните за производство на лекови на Алкалоид АД Скопје, ги потврди сертификатите…