29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Убер“ потврди повеќе од 3.000 сексуални напади во превезувањата во САД во...

„Убер“ потврди повеќе од 3.000 сексуални напади во превезувањата во САД во 2018

Компанијата за превоз на патници „Убер“ соопшти дека во САД примила повеќе од 3.000 извештаи за сексуални напади, вклучително и силување, во текот на 2018 година, кога нејзините возачи спровеле околу 1,3 милијарди возења.

„Убер“ посочи дека бројките за ланската година покажуваат пад од 16 проценти во стапката на инциденти во однос на 2017 година во петте најсериозни категории на пријавени сексуални напади.

Компанијата исто така соопшти дека 99,9 проценти од сите возења во 2017 и 2018, кои вкупно биле 2,3 милијарди, биле завршени без никакви безбедносни инциденти, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата исто така тврди дека наводите за напади врз патниците го занемариле ризикот за возачите, а тоа значи дека возачите биле половина одговорни во случаите за сексуален напад.

„Убер“ го објави извештајот под голем притисок од регулаторите во многу градови, вклучувајќи го и Лондон, кој неодамна ја укина лиценцата за оваа транспортна компанија поради пропусти во безбедноста.

„Убер“ е сервис кој функционира како приватна такси-мрежа. Возилата се резервираат со помош на апликација или текст-пораки, преку кои корисниците ја праќаат својата локација, по што возачот пријавен во компанијата со приватно возило доаѓа да го одвезе корисникот до посакуваното место.

По пристигнувањето, корисникот со помош на апликацијата го оценува квалитетот на возењето, а наплатата се врши преку сметка која е доставена до „Убер“, што овозможува патниците да се возат и ако го заборават паричникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП