25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2019

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2019

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.11.-30.11.2019 година вкупниот промет изнесувал 664.857.099 денари и е намален во однос на октомври за 2,42 отсто. 

Класичното тргување изнесувало 361.318.759 денари и е намалено во однос на октомври за 0,36 отсто кога изнесувало 362.625.740 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 334.944.880 денари и обврзници во вредност од 26.373.879 денари.

Блок трансакциите за ноември изнесувале 303.349.950 денари и се намалени за 4,82 отсто во однос на октомври.

Бројот на трансакции во ноември изнесувале 1.446 и се намалени за 18,63 отсто во однос на октомври кога изнесувале 1.777.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за ноември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Макпетрол АД Скопје и Алкалоид АД Скопје го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за ноември 2019 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП