18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple го презема бизнисот со модеми на Intel

Apple го презема бизнисот со модеми на Intel

Intel официјално ја заврши продажбата на главнината од својот бизнис со модеми на Apple. Овој потег беше најавен во јули, а вредноста на продажбата изнесува една милијарда долари.

Со преземање на сопственоста на оваа технологија, Apple ќе добие повеќе компоненти за идните уреди под своја капа и ќе ја намали зависноста од надворешните добавувачи. Сепак, може да се каже дека овој потег е изнуден, бидејќи е познато дека Apple не е во добри односи со Qualcomm.

Инаку, продажбата се однесува само за модеми кои се наменети за паметни телефони. Intel ќе продолжи и понатаму да произведува модеми за компјутери, ИоТ гаџети и автономни возила.

Apple уште од својот прв iPhone се обидува да произведе што е можно повеќе телефонски делови под своја капа. Првите три модели користеа процесори на Samsung, по што Apple направи сопствени процесори. Ова и овозможи на компанијата да ги унапреди и оптимизира процесорите според сопствените потреби и барања. Со најновата аквизиција, уште една важна технологија доаѓа под ист покрив, така што можеме да очекуваме Apple наскоро да воведе модел со 5G конекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП