19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook има проблем од 52 милијарди долари

Facebook има проблем од 52 милијарди долари

Имено, иако компанијата има повеќе пари од скоро сите американски компании, официјален Вашингтон толку многу му се „наостри“ на лидерот на социјалната мрежа, што му претставува пречка при големите аквизиции, објави CNBC.

За финансискиот директор Дејвид Венeр и Марк Закерберг, основачот на најпопуларната социјална мрежа, толку голема сума на пари претставува фасцинантен проблем.

Facebook не исплаќа дивиденда на акционерите, но дури и да подели дивиденда од два проценти, би потрошил само 11 милијарди долари годишно.

Во меѓувреме, Facebook всушност го забави темпото на откуп на своите акции оваа година, откако во 2018 година потроши повеќе од 11 милијарди долари, кога акциите паднаа дури и до 124 долари. Во моментов, цената е околу 200 американски долари, пренесува CBNC.

Нивото на капиталните инвестиции на компанијата би требало да остане непроменето следната година, според извештајот од третиот квартал.

Што и преостанува на компанијата?

„Постојат вистински политички ограничувања за тоа што можат да сторат“, вели Саманта Меклимор, портфолио менаџер во „Miller Value Partners“, компанија со седиште во Балтимор, која поседува 387.000 акции на Facebook и е основана од познатиот инвеститор Бил Милер.

„Големите технолошки компании само нагомилаа пари“, вели Меклимор.

Политичките проблеми на „Facebook“ ја намалуваат веројатноста тој да ги користи тие пари за некоја голема аквизиција, смета Џон Фримен, аналитичар во CFRA.

Сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен ги критикуваа купувањата на „Instagram“ и „Vocap“ од страна на Facebook и тврдат дека администрациите на Трамп и Обама им дозволиле на големите технолошки компании да станат премногу моќни благодарение на недостигот на закони за монопол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП