19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефот на Google, Пичаи го презема водењето на матичната компанија Alphabet, основачите...

Шефот на Google, Пичаи го презема водењето на матичната компанија Alphabet, основачите се повлекуваат

Извршниот директор на „Google“, Сундар Пичаи ќе го замени Лари Пејџ како извршен директор на матичната компанија „Alphabet“, соопшти компанијата. Пејџ и Сергеј Брин, кои ја основаа компанијата пред 21 година, се повлекуваат.

– Иако беше огромна привилегија да се биде длабоко вклучен во секојдневното управување со компанијата толку долго, сметаме дека е време да ја преземеме улогата на горди родители, нудејќи совети и љубов, но не и дневно приговарање, напишаа Пејџ и Брин во блог.

„Alphabet“, која исто така е сопственик на технолошката компанија за автономни возила „Waymo“, на компанијата „Verily“ за здравствен софтвер и неколку други компании, се појави во 2015 година како дел од корпоративно реструктуирање.

Како што пренесуваат странските медиуми, Пејџ сакаше да се фокусира на новите компании додека оперативните одлуки во најголемата единица на „Alphabet“ – „Google“ ги препушти на Пичаи.

Пејџ и Брин ќе останат директори, но ќе се повлечат од функцијата извршен директор, соопштија од „Alphabet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП