Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Рудник САСА ја освои наградата за најдобра општествено одговорна практика

Време: 15:31

Датум: декември 3, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

На годинешниот традиционален натпревар за најдобри општествено одговорни практики, што по 12-ти пат го организираа Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, Рудник САСА беше награден за најдобра општествено одговорна практика за реализацијата на својата долгогодишна платформа за поддршка на заедницата. Рудник САСА за првпат учествува на овој национален конкурс, и тоа во категоријата „Вложување во заедницата“, во која секоја година се натпреваруваат најголем број компании.

„Како компанија веруваме дека општествената одговорност е с`ржта на сите наши активности и нераскинлив дел од секој сегмент на нашето работење. Сакаме да ги разбереме потребите на граѓаните и да ги насочиме средствата кон долгорочно одржливи проекти кои навистина ќе бидат од полза за жителите на општина Македонска Каменица и пошироката заедница. Ова признание нѐ прави горди и особено среќни што заедницата во која делуваме и сите засегнати страни ги препознаваат и чувствуваат нашата посветеност и континуирани вложувања“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној, заблагодарувајќи се за наградата.

Општествено одговорните активности на Рудник САСА се особено насочени во неколку приоритетни сегменти, како што се: благосостојба и социјалната сигурност на вработените во рудникот, заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, изведувачите и посетителите на рудникот, како и заштитата на животната средина. Дополнително, Рудник САСА секоја година вложува и значајни финансиски средства за реализација на голем број активности во образованието, спортот, здравствената и социјалната заштита, културата, инфраструктурата, животната средина и други, со кои се овозможува унапредување на квалитетот на животот во локалната заедница.

„Се надевам дека преку континуирана соработка и партнерство со институциите и претставниците на заедницата, заедно ќе обезбедиме услови за понатамошен развој на рудникот САСА. Со тоа ќе се создадат дополнителни можности за зголемување на нашата постојана поддршка и придонес кон општествениот развој и просперитетот на македонските граѓани“, вели Ник Ширли, директор за одржлив развој во Централ Азија Металс.

Рудникот за олово и цинк САСА е најголем македонски рудник со подземно ископување. Од ноември 2017-та, Рудник САСА е дел од Централ Азија Металс, специјализирана компанија за развој на рударство со седиште во Лондон, која котира на Лондонската берза (AIM: CAML). Со купувањето на рудникот САСА од претходните сопственици, Централ Азија Металс започна со реализација на инвестициски циклус кој треба да обезбеди одржлив развој на рудникот, преку вложувања во современа технологија и примена на меѓународни стандарди и практики во рударството.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Mitsubishi“ планира да се раздели со 500-600 вработени

    „Mitsubishi“ планира да се раздели со 500-600 вработени

    „Mitsubishi Motors“ ќе побара 500-600 вработени, главно од раководството, доброволно да се пензионираат. Идејата е ова да се случи во Јапонија од средината на ноември,…

  • 3.500 компании го тужат Трамп

    3.500 компании го тужат Трамп

    Околу 3.500 американски компании, меѓу кои се и „Tesla“ и „Ford“, во последниве две недели ја тужеа администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради воведувањето на…

  • Основачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

    Основачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

    Извршниот директор на шведската музичка платформа „Spotify“, Даниел Ек објави дека ќе искористи 1 милијарда евра од неговите лични средства за да инвестира во европски…

  • НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

    НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

    Оваа година, по девети пат, НЛБ Банка го организира НЛБ Месецот на штедење на тема: „Ги истражуваме убавините на нашата земја со Тиби и Штуки!”.…

  • Уште еден енергетски гигант се подготвува да покаже „црвен картон“ на нафтата

    Уште еден енергетски гигант се подготвува да покаже „црвен картон“ на нафтата

    Француската енергетска групација „Total SE“ ќе престане да рафинира нафта во регионот на Париз и ќе инвестира над 500 милиони евра до 2024-та година, заменувајќи…

  • 7 врвни филмски наслови на репертоарот на А1 Drive-in киното

    7 врвни филмски наслови на репертоарот на А1 Drive-in киното

    Со најавата за отворање на A1 Drive-in киното на 29 септември со повеќекратниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019), A1 Македонија го објави и целосниот репертоар на…

  • Eдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

    Eдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

    „Westpac“, една од најголемите австралиски банки, се согласи да плати рекордна казна од скоро една милијарда долари за систематско дозволување на перење пари. Компанијата денес…

  • Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

    Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

    Вчера, официјално завршија активностите околу уредувањето на зелениот корнер, на десната страна од популарната „коцка“ во средината на ТЦ Лептокарија. Уредувањето на овој јавен простор…

  • Две кампањи на Њу момент во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“

    Две кампањи на Њу момент во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“

    Две кампањи на маркетинг-агенцијата Њу Момент, Њу идеас компани – Скопје, „Кога пчелите ќе стивнат“ и герила-акцијата „Ослободување на дрвјата“ продуцирани и реализирани во изминатава…

  • ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

    ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

    ИутеКредит Европа, водечка европска компанија за лични финансии, по унапредувањето на својата позиција на Регулираниот Пазар, е првата компанија од Естонија која влегува во Генералниот…