26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска дизелот поскап за половина денар, бензините со иста цена

Од денеска дизелот поскап за половина денар, бензините со иста цена

Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголеми за половина денар, а бензините остануваат со иста цена, така одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според ова, дизелот сега се продава по цена од 61,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по цена од 50,5 денари за литар.

Еуросупер БС-95 и оваа недела ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,229 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што веќе сега неговата нова цена ќе биде 33,186 ден/кг.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светскиот пазар бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,70 проценти, додека кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,23 проценти и кај Екстра лесното масло за околу 0,76 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП